Зголемен бројот на затруени граѓани од храна


Високите температури го наполнија инфективното одделение.  Лекарите алармираат на овие горештини да се внимава со исхраната. Од секојдневното мени најдобро е да се исфрлат масните јадења, сувомеснатите производи, како и намирниците подготвени од јајца.

Зголемен е бројот на пациенти кои се затруле од храна или вода, месецов на инфективната клиника помош побарале околу 400 пациенти. Тоа најмногу е поради топлото време па храната брзо се расипува, објаснуваат докторите.trovanje-hranom

Храната треба веднаш да се јаде, ако не, да се стави во фрижидер најмногу два часа по готвењето. Симптомите од труењето со храна се манифестираат за едно деноноќие. Главоболка, болка во мускулите и зглобовите, треска, покачена телесна температура, гадење, повраќање, болки во стомакот, дијареа, во ваква состојба  е организмот по расипана храна…
Да се избегнуваат свежи јајца, ако веќе јадете тоа нека бидат тврдо варени, советуваат докторите. Мајонез, и кремасти колачи се најопасни на високи температури. Овошјето и зеленчукот добро да се мијат.
Некогаш труењето поминува за еден ден, со диета или пиење на електролити од аптека, но ако труењето е потешко тогаш може да дојде до дехидрирање, низок притисок, па се до колабирање на организмот. hrana otrov
И министерството за здравство поради топлото време меѓу другото препорачува а со цел да се избегнат цревните заболувања термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу кус рок, подготвената храна да се стави во фрижидер на + 8 степени, а пред употреба истата да се загрее на + 100 степени.

Симптомите на труење од храна најчесто се манифестираат 24 часа по земањето на оброкот. Се појавуваат болки во стомакот и желудникот, повраќање, дијареа, отежнато дишење, вртоглавица, а во зависност од намирниците може да се појави покачена температура и треска. Во овие месеци најчести се салмонелите, стафилококите и ботулизамот кој се јавува како последица по консумирање на овошје и зеленчук од конзерва, сувомеснати производи и сирење кои подолго време останале на собна температура.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1