По зголемениот број спам како повици и СМС од броеви што почнуваат на +88, +22, +21 и +29, Т-Мобиле ги советува корисниците да не бираат повратно на тие броеви затоа што ќе имаат несакани трошоци.
Пораките кои циркулираат се обично со содржината „имаме важна порака за вас доколку се јавите на бесплатниот број“.
Од Т-Мобиле денеска соопштија дека е блокирана пораката која викендов циркулираше од броеви што почнуваат на +29, со содржина „Побарај ме итно“ и „Ме викаат итно“. – Иако откако корисникот ќе пријави, Т-Мобиле веднаш ги блокира спам СМС броевите, сепак најдобро е корисниците да не бираат повратно, укажува Т-Мобиле.