Внимавајте: Тешките чанти предизвикуваат мигрена и артритис


Еден од омилените женски додатоци,чантата, сериозно може да го загрози здравјето доколку нејзината тежина преминува 10% од вкупната телесна маса.

nosenje-na-teshka-cantaСпоред зборовите на стручњаците носењето на товар на едното рамо го повредува грбот, го менува природното држење, ве укочува, предизвикува болки, артритис и главоболка.Новинарите од порталот Huffington Post разговарале со киропрактичар, доктор Роберт А. Хејден, за да дознаат на кој начин еден од најомилените женски модни додатоци го повредуваат грбот, како и што може да се направат за да се олеснат болките.

Една од последиците од носењето на женска чанта на едно рамо е реметење на природното држење на телото.Кога чантата се наоѓа на едната страна на телото, тоа значи дека раката на таа страна не може да се ниша како што треба, додека другата се ниша повеќе.Жените можат да имаат сериозни проблеми поради ова.

Со оглед на тоа дека целата тежина на чантата е на едното рамо, носењето на асиметрично поставен терет може да го поремети држењето.

Поголемиот дел од жените чантите ги носат на доминантната страна на телото, доколку се левораки – ја носат торбата на левото рамо.Меѓутоа, ова доведува до тоа мускулите на доминантното рамо да станат поголеми.Тоа значи дека мускулите на половината мораат да ја компензираат тежината што може да доведе до грчеви во спротивниот дел од половината.Тоа може да доведе и до болка во долниот дел.

Носењето на тешка чанта може да предизвика трапезниот мускул, кој се наоѓа на врвот на раменото да се стегне, заедно со мускулите кои одат од раменото до базата на вратот.Кога тоа ќе се случи, може да предизвика укоченост во горниот дел од грбот, раменото и вратот. Кај одредени личности може да се јави и артритис поради носење на голем терет во текот на подолг временски период.

zenska tasnaПоголемиот дел од луѓето добиваат главоболки поради тоа што мускулот мора да носи поголема тежина. Кога мускулите на раменото и вратот ќе се згрчат, тоа може да предизвика бол во задниот дел од черепот кој потоа се шири околу предниот дел.

Затоа стручњаците советуваат чантата никогаш да не биде потешка од 10% од телесната тежина, иако идеално би било да не поминува 5%.

Долгата рачка на торбата е подобра затоа што ја дистрибуира тежината на пошироко подрачје и го штити делот околу раменото каде нервите одат од вратот кон раката.Должината на рачката треба да ја наместите во идеална позиција, за чантата да не влијае премногу на лулањето на раката.Ако рачката е прекратка, тоа влијае на начинот на кој рацете се нишаат, а ако е предолга, може да влијае на начинот на кој колковите се нишаат додека одите.

Се советува да ја менувате торбата на едното, па на другото рамено периодично, а подеднакво да се оптеретуваат.Многу е важно да обрнете внимание на облеката. Високите потпетици и течката чанта се катастрофална комбинација.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1