robot ohridПрвиот робот – брод за испитување на квалитетот на водите е пуштен во употреба во Охридското Езеро. Новата опрема, која деновиве ја промовираше Хидробиолошкиот институт е единствена од ваков вид во светот.

Со роботското возило започнува нова ера во испитувањето на водите. Бродот робот ги обезбедува сите основни хемиски анализи, анализи од ноќните истражувања, со што конечно ќе се добиваат сите релевантни нутритивни и хемиски карактеристики на езерото, корисни за капачите.

Хидробиолошкиот завод опремата ја обезбеди во рамките на пограничниот проект помеѓу Македонија и Грција наменет за развивање алатки за следење на квалитетот на водите, во функција на јавното здравје, а финансиран од ЕУ.