ФОТО: Златната 18 метарска елка се постави на скопскиот плоштад


Златната елка висока 18 метри почна да се поставува на скопскиот плоштад. Годинава ќе биде поставена уште една новогодишна елка, помала и во среберена боја на плоштадот Филип Втори.

elka5003И годинава Град Скопје украсувањето на централното подрачје го додели на фирмата Линк медија плус, која беше и единствената што се пријави на тендерот.

Централното градско подрачје ќе биде облеано во новогодишен сјај од утре. Скопскиот плоштад, како и секоја година, ќе ја крене празничната атмосфера и расположението кај граѓаните.

На деловите од булеварите кои поминуваат низ центарот на метрополата ќе доминираат украси во ладнобела боја, додека плоштадите ќе светат во топло-ладна боја која наликува на жолтеникава.

На улица Македонија се предвидува поставување на ѕвездено небо, а во план е да има и нови топки-лустери.

Фото Курир

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1