Внимавајте: Топлите денови предизвикаа 28 мозочни удари кај штипјани


Променливото и топло време причина за енормно голем број мозочни удари. Само од почетокот на месецот според хронологијата и записите во штипската клиничка болница евидентирани се 28 пациенти со исхемичен мозочен удар. Состојбата кулминира за време на винкендот, кога 8 пациенти од Истокот се хоспитализирани со оваа дијагноза.

-Во текот на изминатиот викенд имавме зголемен обем на работа во смисла на зголемена фреквенција на пациенти пред се со исхемичен мозочен удар или мозочен удар заради иклузија на крвен сад-изјави Елена Личкова, специјалист невролог-Клиничка болница-Штипvreme toplo

Исто така во амбулантите се регистрарини над 1000 прегледи месечно, што е за 200 повеќе од вообичаеното.

-Ние очекуваме пациентите кои се хронично болни, срцеви болни, дијабетичарите, кои имаат ризик од мозочно заболување заради преоптеретеност од интернистички болести, да бидат на удар од ваквите временски варијации- додава д-р Личкова

Лекарите препорачуваат хронично болните редовно да ги примаат пропишаните терапии и да избегнуваат нагли температурни промени, а во попладневните часови да не бидат изложени на сонце.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1