Внимавајте: Во Европа може да патувате само со пасош кој има важење минимум 3 месеци


Со повратна авионска карта која била со датум, а пасошот имал рок на важење уште два месеци, Македонка останала на аеродромот Александар Велики и не отпатувала за Шведска откако аеродромските власти ја вратиле.

“Пасошот ви има уште два месеци рок на важење, а со таков не можете да заминете во Шведска”, било објаснувањето поради кое и пропаднала авионската карта, пишува Вечер

pasos-makedonskiМакедонските државјани кои сакаат да заминат во било која земја-членка на ЕУ мора да знаат дека пасошот мора да има важност повеќе од три месеци, во спротивно тие нема да бидат пропуштени на граничните премини во земјава. Од Министерството за внатрешни работи ова го објаснија со Шенгенската регулатива и појаснија дека не е проблем од Македонија да се добие излез за било каде ако пасошот ви е важечки меѓутоа првиот момент кога нашиот државјанин ќе стапне на тло на било која држава која е во Европската унија тој истиот момент ќе биде депортиран назад.

Ова не важи ако нашите граѓани сакаат да заминат во соседна Србија, Албанија, Косово или Црна Гора. Кај овие наши соседи може да се оди и ако пасошот ви има уште три дена важност. Ако по некој случај додека сте во овие земји и останете со истечена важноста на пасошот и успеете да пројдете на српскиот или албанскиот граничен премин тогаш на македонската страна на границата нема да имате никаков проблем. Граничната полиција ќе ве пропушти да поминете затоа што сте македонски државјани, сепак најбезбедно е да се побара првата амбасада или конзуларно претставништво и тука да ви се издаде потврда дека ви е истечен пасошот и повторно нема да имате никаков проблем да се вратите дома

Вечер

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1