Шемата за Осми март во образованието со години е иста – и покрај јавните залагања за прекинување со практиката на дарување непригодни подароци, учениците уште од неделава собираа пари и избираа што ќе купат за учителките.
НО ВНИМАНИЕ … Учителките не смеат да земаат скапи подароци за 8 Март. Од 13 минатиот месец се применува новиот Закон за вработените во јавниот сектор, во кој вредноста на подарокот кој смеат да го примат државните и јавните службеници е ограничена до 1.000 денари, и тоа најмногу трипати во годината. Во оваа категорија спаѓаат и учителките и професорките во училиштата.
Според новиот закон за вработените во јавниот сектор нема да смеат да примаат подароци поскапи од 1.000 денари. А од една иста личност во текто на годината смеат да примат подароци чија вкупна вредност нема да надминува 3.000 денари.
Забраната е за вработените во образованието, здравството, културата, трудот, полицијата, армијата, царината, државни и јавни службеници, фондови и агенции, јавни претпријати и затвори. Учителки, лекари, полицајци, цариници … ќе мора да отворат 4 очи за тоа какви подароци примаат.
Најтешко се чини ќе им биде на улителките кои редовно добиваат подароци од учениците за 8 март, за крај на годината… Како и на лекарите кои се опсипани со подароци од секој задоволен пациент. Давањето вакви подароци во Македонија е еден вид традиција и покажување благодарност.
Овој закон е потребен и е во насока на спречување на корупција, подмитливост итн, но сепак се поставува прашањето како ќе знаат учителките колку чини подарокот од ученикот на пример за 8 март? Дали тоа значи дека ќе треба да им ги доставуваме и фискалните сметки заедно со подарокот?
Еден обичен шал може да чини 100 денари, ама може да чини и 100 евра. Едно виски за лекарот може да е 1000 денари ама може да е и 500 евра – како ќе знае тој што го добива подарокот која е неговата вредност???