Внимавајте: Зголемен е бројот на пациенти кои побарале интервенција поради убод од крлеж


Зголемен е бројот на пациенти кои побарале интервенција поради убод од крлеж, информира Итната медицинска служба во Делчево. За три недели се третирани петанесетина пациенти.

– Имаме зголемен број пациенти кои побарале помош поради убод од крлежи. Сите се во добра здравствена сотсојба и се пуштени дома. Имавме интервенции кај деца, но и кај повозрасни. Најзастапени се земјоделците кои работат по нивите или чуваат стока, но и луѓе кои одат да собираат печурки во шумата, вели раководителот на Итната медицинска служб Гоце Стојменовски.

Стојменовски додава дека шумскиот крлеж кој е најраспространет во овој регион, го има кај ниските растенија и кај стоката, а како паразит може да пренесе болести и да предизвика сериозни здравствени проеблеми.

– Апелирам, секој што ќе забележи убод, печење и чешање, да не пробува сам да го вади крлежот. Крлежите содржат токсини кои можат да бидат фатални за животот. Сите што се движат низ шумите, посебно во сезоната на печуркарството, но и ловството потребно е да преземат општи мерки за заштита. Да се оди во природа со соодветна заштита, со чизми, долги ногавици, долга облека, на овој начин крлежот не може да дојде во допир на човечкото тело, истакна Стојменовски.

Крлежите се пајаковидни членконоги со големина од 1-5 милиметар и се хранат од крвта на домаќинот. Пренесуваат лајмска болест, крлежен менинго-енцефатлитис и ерихолоза. Сепак, статистиката вели дека мал е ризикот од зараза при убод на крлежи, но значајно е навременото и правилно отстранување на овој паразит од човечкото тело.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1