Има ли Груевски наочари од 60000 евра, земал ли пари од кинезите – се за случаите на СЈО и има ли план за враќање на власт (ВИДЕО)


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, во интервју за ТВ Нова, кажа дека партијата знаела како е да се биде во опозиција, но и дека знае како да се врати од опозиција на власт.Груевски во гостувањето во „Отвореното студио“ на ТВ Нова кажа дека ВМРО-ДПМНЕ се подготвени веднаш да има предвремени парламентарни избори. Тој објасни и која целта на 10-те пратенички групи, а таа не е блокирање на Собранието, туку работа за подоброто на граѓаните.

-Добро знаеме како од опозиција да се вратиме повторно на власт, со тоа што сега состојбата е далеку подобра, бидејќи ние уживаме најголема поддршка од граѓаните во самиот старт кога сме во опозиција. Во 2002 се сеќавам дека во самиот старт, анкетите беа 31 процент за СДСМ, 8 за ВМРО-ДПМНЕ, сега во предност е ВМРО-ДПМНЕ. Ја имаме поддршката, победивме на изборите, што не значи дека не треба да работиме и понатаму да ја заслужуваме довербата на граѓаните, таа не е еднаш засекогаш заслужена, таа треба да се заслужува со многу резултати, изјави Груевски.

Тој кажа дека од позиција на опозиција ќе проба да им помогне на граѓаните со разни предлози, бидејќи веќе не е во позиција да може да ги исполнува проектите на кои граѓаните беа навикнати. Тој кажа дека се тука и за да критикуваат и кажуваат проблеми

-Не има на терен, екипи од партијата се постојано на терен, посетуваме околу 1000 села низ целата Македонија, посетуваме и градови. Се подготвуваме внатре во партијата за локалните избори, работиме на формирање на нови комисии кои што треба да бидат ударната тупаница на ВМРО-ДПМНЕ, тие треба да бидат еден пандан на државните институции, изјави Груевски.

Тој кажа дека е во процес и избор на новиот Извршен комитет, највисокото тело на партијата.

-Во процес сме на формирање на нов извршен комитет, бидејќи неодмана заврши мандатот на претходниот. Во полна пареа се работи во ВМРО-ДПМНЕ, оние кои што не посетуваат во штабот не им се верува кога ќе дојдат и ќе останат до 12, до 1, до 2 часот на состаноци. Баш синоќа имав една таква ситуација, еден од присустните гости вели, јас мислев дека се збори дека се работи тука многу, ама тука е 2 саат, а вие држите уште состаноци. Така да, ВМРО е партија која е жива, ВМРО е партија во која што се работи и партија во која што е така структуирана во која ситуација и да ја ставите секогаш ќе работи за подобро на државата.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1