Мрачно минато на мажот што ја уби сопругата со камен: Синот го претепал и избркал од дома зошто добил 4-ка


Милан Ловриќ (48) крвнички завчера со камен ја уби својата сопруга Олга (39) на влезниот хол во Центарот за социјална работа во кој требало да се договорат како ќе ги гледаат децата после разводот.

По страотното злосторство откриено е дека тој ги малтретирал своите деца и дури синот од исфрлил од куќата.

Имено, Олга кобниот ден ги донела своите три синови од 10, 8 и 3 години за да ги види Милан во контролирани услови, со оглед на тоа што веќе бил осудуван за насилство во семејството, а бракоразводната парница била во тек.

Очевидци зборуваат дека во текот на средбата, Милан и се заканувал на сопругата дека ќе ја убие.

-Седев со директорката на Центарот во нејзината канцеларија кога слушнавме жена како вика дека некој ќе ја убие. Низ прозоревот ја видовме раскрвавената жена како бега од напаѓаќот, по што ни исчезна од видо кругот. Потоа слушнавме кршење на стакло, истрчавме и ја видовме неа како лежи во локва крв, а од главата и се гледаа забиени парчиња стакло. Видовме и човек како мирно заминува низ улицата, вели Андријана која е очевидец на злосторството.

Се да биде уште пострашно, страотното злосторство се случило пред очите на нивните три дечиња, кои преплашени се обидувале да го спречат таткото и го преколнувале да престане.

Како што дознаваме, Милан Л. повеќе пати е приведуван поради насилство во семејството, а Третото основно обвинителство водело неколку постапки против него.

Најдраматично меѓу кривичните дела за кое е процесуиран било претепување на најстариот син кое се случило пред неколку години. Имено, таткото – монструм го нападнал детето, го претепал и му нанел полесни повреди затоа што добил четворка по англиски јазик (!?). Синот потоа го исфрлил пред вратата од семејниот стан, која ја заклучил и му рекол да не се враќа повеќе дома.

Тој во полиција на обвинителите им рекол дека се разбеснел од тоа што детето добило послаба оценка и покрај тоа што тој му плаќал дополнителни, приватни часови по јазик,

Поради ова дело, третиот основен суд го осуди на две години затвор. Тој казната до неодамна ја отслужил, и според неофицијалните информации, пуштен е од затвор на 17 април поради добро однесување.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1