Внуката на основачот на Гестапо: Се стерилизирав за да не раѓам монструми


Бетина Геринг, внука на Херман Геринг, избраниот наследник на Хитлер со чин рајхмаршал, открила дека избрала да биде стерилизирана, отколку да роди деца кои би израснале во монструми.gering
Бетина денес живее во Санта Фе во Ново Мексико (САД), внука е на човекот кој што го основаше Гестапо, го организираше Холокаустот и нареди бомбардирање на Велика Британија во Втората светска војна.
60-годишната Бетина Геринг е една од многуте потомци на нацистите кои открија на каков начин нивните семејни врски со нив влијаеле на нивните животи. И Бетина и нејзиниот брат одлучиле доброволно да се стерилизираат.
„Ги подврзав јајниците на 30 години од страв да не создадам уште едно чудовиште. И самата личам на Херман Геринг… очите, профилот. Личам на него повеќе од неговата ќерка“, вели Бетина Геринг.
Нејзините изјави се дел од документарниот филм за заборавените деца на Третиот Рајх чии што родители и блиски роднини ги сториле едни од најголемите злосторства кои што ги памети човештвото. Филмот “My Family, the Nazis and Me” ја прикажува нивната борба со трагичното минато кое што и ден денес ги прогонува.
Кетрин Химлер е една од потомците на Хајнрих Химлер, командантот на Гестапо и еден од најблиските и најсуровите соработници на нацистичкиот лидер Адолф Хитлер. Таа денес е мажена за Евреин од Израел и најмногу е загрижена околу тоа како еден ден на својот син ќе му ја раскаже приказната за неговиот дедо.
„Не мислам дека сум го наследила неговиот карактер, но го носам неговот презиме. Имав само 11 години кога на една германска телевизија ја гледав серијата „Холокауст“. Се сеќавам како плачев затоа што непрестанато се повторуваше презимето Химлер. Тоа беше моментот кога сфатив дека мојот дедо бил еден од најголемите злосторници. Но, јас не сум виновна за неговите злосторства“, вели таа.
Никлас Франк, кој е автор на неколку книги за страшните злосторства на нацистите, син е на Ханс Франк кој директно е одговорен за смртта на шест милиони Евреи. Како мал го гледал измачувањето на затворениците во концентрационите логори, додека неговиот татко се смеел.gering1
„Слабите мажи ги качуваа на диви магариња кои што скокаа, а луѓето паѓаа од нив. Тие стануваа бавно и воопшто не им беше забавно како што ми беше мене тогаш“, вели Никлас Франк.
„За нас тоа беше одлично попладне, а потоа пиевме какао. Тоа се лоши слики кои што ги гледам кога ќе се сетам на мојот татко. Навечер сонувам лешеви во логорите. Таа приказна се уште не е завршена“, додаде тој.
Режисерот на докментарниот филм, Чаноч Зеви вели дека постојат неверојатни сличности во нивните емоции. Некои од нив се среќаваат во неговиот филм.
„Остварив силен дијалог помеѓу децата на сторителите на злосторството и децата на преживеаните. И едните и другите секојдневно го преживуваат Холокаустот, немоќни да ги продолжат своите животи“, изјави Зеви.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1