Двајца вработени во „Македонска пошта“, од кои еден е внук на поранешниот директор на јавното претпријатие Рафиз Алити, се осомничени за злоупотреба при набавка на хартија. Тие ја оштетиле фирмата за 25.000 евра набавувајќи неквалитетна хартија, а ја платиле небаре е со врвен квалитет. Ова го утврди Управата за финансиска полиција, која вчера поднесе кривични пријави против осомничените. Двајцата му помогнале на скопски бизнисмен да ~ продаде на „Пошта“ неквалитетна фотокопир-хартија наместо договорената квалитетна хартија од познат бренд.
Финансиската полиција против осомничените А.Ф. (34), вработен во службата за јавни набавки во „Македонска пошта“ АД Скопје, Х.А (28), магационер во „Пошта“ и З.K. (29), управител на фирмата „Аспект плус“ ДООЕЛ Скопје поднесе кривични пријави за злоупотреба на службената положба и овластување, како и за помагање. Според сознанијата на Финансиската полиција, А.Ф. (34) во 2012 година ја искористил својата службена положба и по претходен договор со З.K. обезбедил мостра од фотокопирна хартија од познат производител. Потоа на Kомисијата за јавни набавки во „Македонска пошта“ ~ дал устен налог да изготви техничка спецификација идентична на обезбедената мостра – фотокопирна хартија од типот „навигатор“. На тој начин директно влијаел врз комисијата, која по завршување на тендерската постапка за најповолен понудувач ја избрала „Аспект плус“.
Според договорот, фирмата требало да достави 25.000 топа фотокопирна хартија од типот „навигатор“, но Фазлиу му наложил на магационерот да прими 19.000 топа фотокопирна хартија со понизок квалитет и цена од онаа што требало да биде набавена со тендерот. Сопственикот на приватната фирмата на „Македонски пошта“ им фактурирал хартија со висок квалитет, која никогаш не ја набавил од овластениот увозник. На тој начин бизнисменот незаконски заработил 25.000 евра за колку ја олеснил „Пошта“.