Внукот на Сталин пронајден мртов во Москва


Во Москва е пронајден мртов еден од внуците на поранешниот советски лидер Јосиф Сталин, јави Би-Би-Си, повикувајќи се на извори од службата за брза помош.

Телото на Евгениј Џугашвили (80) е пронајдено во близина на неговиот дом во Москва, а причината за смртта засега не е утврдена.vnuk-na-stalin

Џугашвили бил познат по тоа што го бранел ликот и делото на својот дедо, а често пати тоа го правел и пред суд.

Пред Европскиот суд за човекови права лани тој го загуби случајот што се однесуваше на масакрот на полските воени заробеници во Катинската Шума во 1940 година.

Судот ја отфрли неговата жалба на написот објавен во весникот „Новаја газета“, во кој Сталин беше наречен „крвожеден канибал“.

Во текстот се наведуваше дека советските лидери, меѓу кои и Сталин, ја наредиле егзекуцијата на 20.000 полски заробеници.

Џугашвили се жалеше дека со текстот „е оцрнета репутацијата“ на неговиот дедо и дека е „полн со клевети“.

До Европскиот суд тој се обрати бидејќи повеќе руски судови ја отфрлија неговата жалба.

Џугашвили, исто така, тврдеше дека Советскиот Сојуз немаше да се распадне доколку неговиот дедо живеел подолго, а неодамна за рускиот претседател Владимир Путин рече дека „нема мозок“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1