Во 2 македонски фирми најдена бактеријата – Не кажуваат во кои – не биле финални анализите???


Цел месец од појавата на опасната  бактерија листерија која однесе три жртви, од кои едно новороденче,  никој од повиканите  институции како Институт за јавно здравје,  Агенцијата за храна и ветеринарство и Ветеринарниот факултет, не ја алармираа јавноста за утврденото присуство на бактеријата од анализите направени во нивните лаборатории.

jovanka kostovaОд Институтот за јавни здравје  одбија да дадат  информација за името на двете домашни месни производители, кај кои била најдена бактеријата, со образложение дека анализите се’ уште се во тек, а конечните резултати би се знаеле в петок. А, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Дејан Рунтевски, пак, вели дека во нивните анализи на мостри кои редовно ги прават на домашни и увозни производи, засега не била  пронајдена оваа бактерија.

Листеријата како изолат од храна била  регистрирана во три примероци минатат година и во три примероци оваа година. Ниту лани, ниту сега, надлежните институции кои ја контролираат храната, не ја алармираа јавноста за добиените резултати од овие анализи.

Смртниот исход на тројца пациенти од седумтемина заразени од листерија само последниов месец, веројатно е повод за преземање поригорозни истражувања за причинителот, чии резултати би требало да  бидат познати до крајот на неделава.

„Деновиве се прават контроли кај фирмите во чии производи е откриена листеријата, дали ги уништил производите, дали ја известил Агенцијата за храна и ветерина, дали ги преработил или недај боже ги дистрибуирал. Строги казни ќе бидат преземни за сите“, вели  вели Јованка Костова, раководител на превентивниот сектор при Министерството за здравство.

Сите пациенти кои се лекувале на Клиниката за инфективни заболувања се од различни делови на земјава – од Скопје, Македонски Брод, Гевгелија, Охрид  и Кочани, но карактеристично е тоа што истражувањата покажале дека еден ист подтип е одговорен за сите случаи, што укажува на ист причинител.

Од петте лекувани на Инфективната клиника, двајца се починати, еден е на возраст од  59 години, а еден е 72 годишен. Од другите тројца, двајца се излекувани и пуштени дома, а еден пациент е во критична состојна.  Детето што е на Педијатрија е со клиничка форма на сепса и е на интензивна нега.

Новороденчето кое почина е од Куманово, а последниот починат е од Македонски Брод.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1