Педесет и шестгодишниот Kанаѓанец Марк Стејн пред 10 години, во својата студија точно ги предвиде настаните кои сега, со таканаречената мигрантска криза, ~ се случуваат на Европа. Според него, не станува збор за „криза“, туку за смислена стратегија, со која до 2025 година европскиот континент ќе стане доминантно муслимански, односно бројот на жителите со муслиманска вероисповед ќе надмине педесет отсто од населението.
Во својата студија со поднаслов „Kрајот на светот каков што ние го знаеме“, Стејн пред десет години констатира дека во Европа, барем, официјално, има околу дваесет милиони муслимани
„Kое е најпопуларното машко име за бебињата во Белгија? Мухамед. А во Амстердам? Мухамед. Во Малме, Шведска? Мухамед. До 2005 година тоа беше најпопуларното име за машки бебиња и во Британија!“ вели авторот.
„Во Авганистан во 2005 година стапката на раѓање на 1.000 луѓе беше 47.02, а во Албанија 15,08. Тоа значи дека Албанците се множат со една третина од стапката на Авганистанците. Стапката на фертилитет за „обнова на населението“, односно бројката што е потребна само за стабилна популација, без зголемување или намалување на населението е 2,1 бебиња на жена. Ако се вратиме на Балканот, веднаш в очи паѓа Албанија. Нејзиниот фертилитет е мал во споредба со Авганистан, но е е со највисока стапка во Европа! А зошто е тоа така? Бидејќи Албанија е единствената европска земја со мнозинство муслиманско население.
Русија, на пример, до средината на овој век ќе падне на околу 85 милиони луѓе, а во неа преку 70 проценти од бремените жени с` уште завршуваат со абортус. Според тоа, Русија ќе стане нација на бабушки, неспособни да испратат доволно млади војници да ги обезбедат нејзините граници, без доволно млади бизнисмени да ја обезбедат нејзината економија или доволно млади семејства да ја обезбедат нејзината иднина. Русија е преполна со ресурси, но фатално ~ недостигаат Руси! И другиот дел од Европа е во зона на тревога. До 2050 година популацијата во Италија ќе опадне за 22 процента, на Бугарија за 36 проценти, на Естонија за 52 проценти…
Според тоа, лесно е да се предвиди кога некои од европските нации сосема ќе исчезнат од лицето на Земјата пишува Стејн.