Установено е дека 65% од анализираните производи, содржат арсен, 58 проценти кадмиј, 36‚ олово и 10 проценти аклиламид.
Во големиот број на прехрамбени производи за сосема мали деца, пронајдени се опасни хемикалии. Ова го покажало истражувањето на непрофитната организација „The Label Clean Project“ во која се наведува дека станува збор за арсен, олово, кадмиј и акриламид.
Група на американски научници анализирале 530 различни грицки, житарици и напитоци купени во последните пет месеци, пренесува Индепендент.
Утврдено е дека 65% од анализираните производи од нив 65 65% од анализираните производи, содржат арсен, 58 проценти кадмиј, 36‚ олово и 10 проценти аклиламид.
Откриено е дека 80% од адаптираното млеко за доенчиња, содржи арсен, токсин кој Светската здравствена организација (WHO) го поврзува со низок здравствен проблем, како кардиоваскуларните болести, дијабетисот и карциномот. Големите количини на арсен се откриени и во производите на база на ориз.
Арсенот во оризот стигнува за време на неговиот раст поради индустриските оторви и пестициди во земјата. Европската унија во јануари 2016 година, пропиша најголема допуштена количина на арсен со цел да ја намали изложеноста на децата на тој тежок метал. Дозволено е 0,1 милиграм арсен по килограм ориз.
Најголемиот проблем, кога ќе стигне арсенот во оризот е фактот што голем број на прехрамбени производи за деца, донекаде содржат оризно млеко како замена за кравјо млеко. А тоа е најчувствителната популација.
Податоците за стручната литература за присутноста на арсен докажуваат дека оризните вафли, оризните крекери колачи, сите тие содржат големи количини на аноргански арсен, поради што многу е зголемена прехрамрената изложеност на малите деца, на таа хемиска супстанца.
Истражувањето покажало дека модерната храна за деца содржи 70% повеќе акриламид од пржените компири, а таа хемикалија се поврзува со оштетување на мозокот и репродуктивните проблеми.
Утврдено е дека 60% од производите со ознака „BPA free“ биле позитивни на бисфенол А, индустриска хемикалија која се користи за изработка на пластика