Во редакцијата на Мактел стигнало писмо во кое се вели:
“ капетанот Етхеми Шевал алијас командант ВАЛЈОНИ од УЧК кој беше обвинет за воени злосторства за случајот “мавровски работници” а ДПМНЕ ги амнестира во 2012-та година, а истиот е на служба во АРМ, на втори август со наредба на командантот на ЗОК Методија Величковски е поставен на повисока позиција која му овозмозува на 18 август истиот од страна на нацалникот на генералстабот да биде унапреден во чин МАЈОР?! А што е најјако именуваниот нема сертификат за работа со класифицирани информации што е еден од клучните услови за добивање на чин Мајор.
Истот Валјони во 2012-та година беше упатен во мисија во Авганистан без безбедносен сертификат и нормално НАТО му го ограничува движењето низ безбедносните зони во кои се работи со такви информации, т.е истиот можел да оди само во кујна и во спална…
Министерот Талат Џафери околу анонимното писмо од вработен во АРМ во изјава за Либертас вели дека засега нема ништо официјално, но не гледа ништо спорно доколку капетанот Етхеми Шевал, алијас командант Валјони, на денот на армијата добие повисок чин и стане мајор.
-Ако капетанот ги исполнува условите ќе биде унапреден. Писмото не сум го видел, но обвинувањата дека тој е еден од тие што го направиле злочинот со Мавровските работници се покажаа како неточни. Тој е ослободен од обвинението и работи како офицер во армијата – изјави министерот Џафери за Либертас.
Тој тврди дека за чин мајор не е точно, како што се тврди во анонимното писмо, дека е потребен сертификат за работење со класифицирани информации.
-Таков сертификат е потребен ако е поставен на место кое го бара тоа, но не и за чинот мајор – додава Џафери.