Рускиот академик и историчар, Елена Гускова предупредува дека исламистите во август ќе извршат вооружени напади во Србија, Босна и Херцеговина и Македонија, односно дека реализацијата на „зелена трансверзала“ влегла веќе во завршна фаза. Во текстот којшто руската историчарка го доставила до новинската агенција во Република Српска, Срна, наведува дека ќе се „кренат со оружје во рацете“ Албанците во Македонија и на југот на Србија, во ткн. Прешевска долина, како и во Санџак ,Рашка.
„Ќе се обидат да ги заземат регионите каде што има српско население, а во централна Србија и БиХ ќе бидат извршени неколку терористички напади заради привлекување внимание“, пишува Гускова.
Според неа, потоа сé ќе се одвива по старо сценарио, односно полицијата во Србија и Македонија ќе започне операција против вооружените терористи.
„Како последица на провокациите, во судирте ќе загинат албански цивили, а потоа исламистите во Србија, Македонија и БиХ ќе земат оружје да им помогна на ‘загрозените браќа’“, смета Гускова.
Тие судири, според неа, би можеле да добијат широк замав, до воени дејствија со различен интензитет, “би можеле да бидат зафатени и Србија, БиХ, Македонија и Црна Гора“ наведува.
Предупредува дека најтешко би можело да биде во Република Српска и оти таму под изговор за „регулирање на конфликтот“ би можело да се обидат да дојде НАТО или нови одреди исламисти.
Според неа, на Балканот е очигледен растот на исламскиот радикализам. „На југот на Србија и во Црна Гора делуваат исламстичките организации Вехабии, Црвена роза, во Македонија – Тарикат, на Косово и северот на Албанија се ќелиите на Ал Каеда. Во БиХ исламистите се претставуваат како заговорници на унитарна муслиманска Босна и како организатори и извршители на терористички напади, а целта им е создавање на ткн Зелена трансверзала“, смета Гускова.
Предупредува притоа дека бегалците доаѓаат без документи , Повеќето се мажи, не постари од 27 години, 94 отсто од нив се со исламска вероисповед, 56 отсто се без семејства. Не сакаат да се фотографираат и не им недостигаат пари. Во Србија се наоѓаат илјада џихадисти, од кои околу 200 се во Белград, а останатите во други населби во Србија. Меѓу нив има многу косовари, а парите добиваат од Виена“, пишува Гускова.