Во авион на Ер Франс шверцувале 1.3 тони кокаин


air franceВо авион на француската национална авиокомпанија Ер Франс, кој од главниот град на Венецуела – Каракас долета во Париз, пронајдени и запленети се 1,3 тони кокаин, јавува Анадолија.

Францускиот министер за внатрешни работи Мануел Валс изјави дека ова е најголемото количество дрога кое е некогаш запленето во еден авион кој дошол во Франција.

Тој дополни дека операцијата е резултат на соработката со британските, холандските и шпанските власти.

Неколку лица се уапсени при операцијата, но францускиот министер одби да соопшти детали.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1