Во авионска несреќа загина правнукот на Рокфелер (Видео)


При пад на мал авион во близина на Њујорк загинал правнукот на Џон Рокфелер, соопштил семејниот портпарол.

rokfeler vnukАвион при падот, кратко по полетувањето од аеродромот Вестчестер, за малку не се урнал во куќа, а потоа удрил во стебло. Ричард Рокфелер бил единствената личност во авионот.

65-годишниот Ричард бил татко на 2 деца. Работел како лекар на воени ветерани, кои патат од пост-трауматски стрес, пишува AP.

“Ова е голема трагедија. Ричард беше прекрасен син, татко и дедо”, изјавил портпаролот на семејството Фрејзер Сеител. Тој додал и дека станувало збор за искусен пилот, а неговата смрт го шокирала целото семејство.

-Тоа е ужасна трагедија, изјавил портпаролот додавајќи дека Ричард зад себе оставил две деца.

rokfeler nesrekja

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1