Во авионската несреќа во Словенија загинал милионер, изгорел куфер со неколку милиони евра


Во авионската несреќа која се случи во Словенија, загинал интернет милионерот Томас Вагнер, еден од шефовите на фирмата Унистар, пренесуваат германските медиуми.01-tomas-vagner

Инаку, во таа несреќа на помал германски авион кој вчера се урна во Словенија, имало четири патници од кои двајца се идентификувани. Станува збор за еден 73 – годишник, кој управувал со авионот и еден 38 – годишник.

Авионот се урна вчера, а летал на релација Венеција – Лајпциг. Словенечката полиција соопшти дека телата на четворицата патници практично се јагленисани бидејќи авионот после падот се запалил.

Германските медиуми јавија дека сите тие се германски државјани.

Според пишувањето на „Билд“, Вагнер наводно со себе имал куфер со неколку милиони евра. Несреќата се случила поради големо невреме и силен ветер, а пилотот пред несреќата и` јавил на контролата на летот дека има потешкотии поради мраз на авионот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1