29 годишната Конси Тејлор можела да го загуби животот додека јадела банана купена во самопослуга во Лондон. Забележала дека по бананата а и по нејзината рака лазат бели пајаци. Ги имало насекаде – и по масата, се раздвижиле по целиот стан.
Мислев дека бананата е скапана но кога погледнав подобро видов дека нешто се движи, ја испуштив бананата а десетици пајаци се разбегаа низ куќата. Успеав да ги фотографирам, а останатите банани ги вратив во продавницата.
Во супермаркетот прво и понудиле 10 долари оштета но подоцна кога сватиле колку сериозен е проблемот ја промениле одлуката.
Мајката загрижена за децата пратила фотографија до службата за здравствена заштита, од каде и соопштиле дека се работи за отровен вид пајаци од банани, познати како Phoneutria nigriventer. И и рекле веднаш да го напушти станот и да не се враќаат додека службата за дезинфекција не ја исчисти куќата.
Овој вид бразилски пајаци имаат отров неуротоксин кој предизвикува омалаксување на мускулите, тешко дишење, парализа и престанок на срцето. Постои противотров.
За среќа, никој од семејството на Тејлор не бил каснат од пајаците.
Ланецот самопослуги Сајнсбери им го платил запрашувањето на домот како и хотелот во кој престојувале додека нивниот стан да биде исчистен од отровните пајаци.