Во Белград казнети 15 родители поради одбивање вакцинација


Од 48 родители кои во Белград се прогласени за виновни за одбивање задолжителна вакцинација, 15 се казнети со парични казни од 10.000 до 30.000 динари (85 до 254 евра), пишува „Блиц“.

Пред Прекршочниот суд во Белград наскоро ќе се најдат уште родители кои одбиваат да ги вакцинираат своите деца со ММР вакцината, затоа што инспекцијата на Министерството за здравство од почетокот на годинава поднела уште 308 прекршочни пријави.

За првите два месеци од 2018 година поднесени се 202 пријави за покренување прекршочна постапка поради невакцинирање, а само во март санитарните инспектори поднеле уште 106 барања.

Поради предизвикување паника со своите објави за вакцините против морбили, под истрага на Вишото обвинителство во Белград се Јелена Карлеуша, Маја Волк, писателката Мирјана Бобиќ Мојсиловиќ, Мирољуб Петровиќ и Слаѓана Велков.

Против нив кривична пријава поднела група од 270 родители.

Според податоците на српскиот Институт за јавно здравје, од почетокот на октомври минатата година во Србија се регистрирани 4.507 случаи на мали сипаници, од кои 2.342 се лабораториски потврдени.

Дури 95 отсто од заболените биле невакцинирани, а од тешки компликации регистрирани се запаление на мозок и запаление на белите дробови.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1