Работа на иднината: За килограм отров од пчела се зема 100.000 евра


Пчеларот Милош Богадновиќ од село во Србија се впуштил во бизнис со собирање на отров од пчела, за кој светските фармацевстски компании нудат вистинско богатство, односно за килограм од оваа состојка се плаќаат 20.000 до 100.000 евра.

Отровот од пчела се користи за производство на лекови за реума, кардиоваскуларни болести и околу 40 видови автоимуни болести, има и јак токсичен ефект на ќелиите зафатени со разни видови канцер, но иако светскиот пазар е во потрага по него, на нашите простори ретко кој го собира.

„Бидејќи производството е високоризично и нископрофитно, од минатото лето почнавме да собираме отров од пчели. За еден месец и половина од 140 кошнички собравме сѐ на сѐ 4 грама. Бидејќи во Србија произвоството на отров од пчела не е законски уредено, го собираме и го чуваме за подоцна да го продаваме како сировина на фармацевтските компании.

Цената на килограм отров од пчела на светскиот пазар варира од 20.000 до 100.000 евра, но само за еден грам потребни се 90.000 убоди од пчела. За да соберете килограм од овој отров годишно, потребни ви се 500 кошнички“, вели Богдановиќ, кој завршил на Земјоделскиот факултет, но се определил за пчеларство, со кое неговиот татко се занимава од 1975 година.

„Отровот од пчела се создава вопрвите две недели од животот на пчелата и една пчела има најмногу 0,3 милиграми отров. Го собираме на секои 5 дена, од јули до средина на август, со помош на електроапарати кои се ставаат пред кошничките. Важно е да се каже дека тоа не е штетно за пчелите, бидејќи тие исфрлаат отров и продолжуваат да живеат“, заклучува Богдановиќ.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1