Поранешната сопруга на најсекси затвореникот: Го изгубив бебето зашто ме остави за богаташката


Медицинската сестра Мелиса Микс, поранешна сопруга на најсекси криминалецот Џереми Микс, за „Дејли мејл“ открила дека имала спонтан абортус поради претрпениот шок откако сопругот ја оставил заради богатата наследничка Клои Грин.

Мелиса (39) тврди дека кога со Џереми (34) имале секс за разделба, таа забременила.

– Кога еден ден дојде по децата, едвај функционирав. Не можев да спијам и да јадам, бев во тешка психичка состојба. Џереми ми се извини за се. Рече дека сака развод, но неколку дена потоа дојде во нашиот заеднички дом. Само што тргнавв да се туширам, ми се придружи и емоциите го направија своето – рекла Клои.

Поранешната сопруга на Џереми објаснила дека забележала кога тој на социјалните мрежи почнал да ја следи Клои, па го прашала која е таа. Добила одговор дека е менаџерка на неговиот бизнис партнер и категорично негирал дека се гледа со неа. Само три дена подоцна, ги видела нивните заеднички фотографии на јахта.

– Тврдеше дека не спиел со Клои и дека ќе дојде да разговараме. Следниот ден дојде по некои работи и замина за Лос Анџелес. Подоцна ме чекаа документи за развод. На мојот роденден ги видов нивните фотографии, тоа за мене беше болен момент – раскажла Мелиса.

За бременоста пак на богаташката и нејзиниот поранешен сопруг дознала од осумгодишниот син.

– Игравме кошарка, кога тој ја стави топката под маица и рече: „Гледај, бремен сум“. Го прашав што му значи тоа, дали знае некој што е бремен, на што тој ми одговори: „Да, Клои“ – раскажала Микс, додавајќи дека во тој момент срцето и застанало.

Според Мелиса, згодниот поранешен затвореник ја игнорирал нејзината порака во која го известила дека е бремена, а потоа го загубила бебето. Тврди дека спонтаниот абортус бил заради стрес.

Пред неколку дена се рашири информација дека Џереми и со својата девојка, богаташката Клои Грин, наследничката на „Топшоп“ царството, го очекуваат своето прво дете.

Синоокиот заводник
Џереми Микс стана планетарно познат благодарение на фотографиите објавени од полицијата. Престапникот со својот изглед и прородни сини очи придоби многу обожаватели, па дури имаше и периција да се ослободи. Откако излезе од затвор стана манекен и ја запозна Клои Грин, а се раздели со сопругата Мелиса.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1