Балканци во Германија месечно земаат по 416 евра, а ништо не работат


Околу 54.000 српски граѓани како долготрајно невработени лица во Германија месечно примаат по 416 евра без да работат ништо.
16.924 хрватски граѓани на крајот на 2017 година примале ваква помош во наведената земја. Тоа е за 1.8 проценти повеќе од една година претходно.

Оваа помош се разликува од социјална помош. 5.933.000 граѓани добиваат социјална помош, а 2.033.000 од нив или 35 проценти се со странски пасоши. Најголем дел од нив се бегалци, и тоа најмногу од Сирија, Ирак и Авганистан.

Помош добиваат и 86.000 Бугари и 66.000 Романци, а таа бројка од година во година расте.

Од Западен Балкан освен Срби, има и 27.000 косовски граѓани, а 15.636 од БиХ.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1