Во Белград се одржа масовен протест „на 15-ти за 15-те“, според МВР имало 107.000 луѓе


Централниот настан се одржа на плоштадот Славија, каде студентите им се обратија на граѓаните, ги читаа нивните барања и ги пееа песните кои станаа симбол на протестите. Српското МВР официјално соопшти дека според проценките на полицијата на сите локации во Белград бројот на учесници бил околу 107.000.

Првично беше најавено дека митингот ќе се одржи на платото пред собранието на Србија, каде се собраа голем број граѓани, но потоа студентските редари ги повикаа граѓаните да се упатат кон Славија, за да се избегнат евентуални провокации и инциденти со групата луѓе кои кампуваат во пионерскиот парк. Имаше информации за инциденти таму, но студентите соопштија дека официјално нивниот протест е завршен и се оградија од евентуални провокатори.

Точно во 19 часот на плоштадот Славија и околните улици започна петнаесет минутниот молк, за симболично да оддадат почит на 15-те жртви во Нови Сад на 1 ноември. За време на молкот, граѓаните ги држеа вклучени светлата на мобилните телефони, а го завршија, со како што ја нарекоа, најголемата врева во Србија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1