Во Берово -12, во Скопје минус девет


Минусни температури се регистрирани изутринава во цела Македонија. Најстудено – 12 е во Берово и во Маврово со – 11. Во Скопје се измерени минус девет степени, соопшто УХМР.Утринава преовладува студено време, во северните делови ведро со мала до умерена локална облачност, а во јужните делови умерено до значително облачно. Дува слаб северен ветер, особено на повисоките места и планините.

Во текот на денот ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, особено долж Повардарието.Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 1 до 7 степени.

Во Скопје слично време. Највисоката температура на воздухот ќе достигне до 5 степени.

Утре ќе има зголемување на облачноста, а во северните делови и на планините ќе има повремен слаб снег. Ќе дува засилен северен ветер. Од недела следува период на стабилно и суво време, од понеделник со значителен пораст на дневните температури.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1