Најниска температура од -22 степена е измерена во Битола, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Тетово и Маврово се измерени -20, -19 во Лазарополе, -18 во Скопје (мерна станица Петровец), -17 во Пожаране и Прилеп, -16 во Берово и Ѓуриште, -15 во Дебар, Скопје (мерна станица Зајчев Рид) и во Крушево, -14 во Штип, Крива Паланка, Тополчани и Куманово, -13 во Виница, -12 во Демир Капија, Струмица и Претор, -11 во Охрид и -7 степени во Дојран и Гевгелија.
Највисока снежна покрива утрово имало во Маврово (68 сантиметри), 44 во Лазарополе, 43 во Пожаране, 35 во Тополчани, 30 во Берово, 28 во Тетово, 26 во Ѓуриште, 24 во Крушево, 18 во Крива Паланка, 17 во Струмица, 16 во Битола, 14 сантиметри во Демир Капија и Штип, 12 во Виница, 11 во Охрид, 10 во Претор и Скопје (Петровец), 9 во Прилеп, 8 во Скопје (Зајчев Рид) и 2 сантиметра во Гевгелија,
Во изминатите 24 часа најмногу наврнат воден талог имало во Берово, 10 литри на метар квадратен, 9 во Струмица, 6 во Виница, 2 литра во Тетово и Пожаране и еден во Ѓуриште, Крушево, Претор, Крива Паланка, Скопје, Штип, Маврово и Битола.
Како што соопшти УХМР, времето утрово е умерено до значително облачно, во Крива Паланка и Битола има слаби врнежи од снег. Дува слаб северен ветер.
Во јужните делови денеска времето ќе биде претежно облачно со локален слаб снег. Во северните делови ќе има намалена облачност и ќе преовладува умерено облачно време. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе се движи од -9 до -3 степени.
Во Скопје ќе биде умерено облачно со слаб североисточен ветер. Максималната температура ќе достигне до -6 степени.
УХМР информира дека и утре изутрина утринските температури на повеќе места ќе бидат под -15 степени, а дневните ќе бидат во благ пораст. Позначителен пораст на температурата ќе има од петок. Нов влажен бран ќе има од петок кон крајот на денот кога на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег, а на пониските места врнежи од дожд и снег. Пообилни врнежи ќе има во сабота кога во западните делови ќе се формира нова снежна покривка.