Во Босна е најлошо, во Србија најпространо


Србија ситуацијата е под контрола, но се уште се во исчекување на максимумот од поплавниот бран, кој ќе се премести кон Белград и Обреновац.
-Се уште немаме анализи како ќе изгледа тоа – изјави Бабиќ за Танјуг. Според него, ТЕ “Никола Тесла” во Обреновац не е загрозена, додека ТЕ во Костолац, каде што се прават високи насипи, е безбедна.

kliziste1По налог на министерот за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, во најтешко погодениот град од поплавите, Обреновац, вчера беше формиран оперативен штаб кој ќе ги спроведува сите мерки за нормализација на животот во градот. Во овој момент не е можно да се процени колку време ќе помине пред евакуираните да се вратат во своите домови. Додека може да се каже дека во Сремска Митровица и во Шабац ситуацијата е стабилна, но се организираат дежурни тимови, сега во Белград забрзано се работи на засилување на насипите на реката Сава. Врвот на поплавниот бран во Белград се очекува за утре или задутре.

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, вчера оцени дека ситуацијата со поплавите бара “максимална претпазливост во следните два дена” и оти најголема опасност сега е реката Сава, јави Танјуг.
-Крајот не е ниту близу, но денеска имаме повеќе надеж отколку вчера – изјави премиерот на седница на Републичкиот штаб за вонредни ситуации. Наведе дека до среда ќе помине еден бран од поплавата и оти треба да се “одбраниме и да го искористиме времето за подобро да се подготвиме и да се заштитиме”.

UntitledghjhjkkСо констатација дека толкава количина врнежи се случува еднаш во илјада години, премиерот посебно им заблагодари на граѓаните кои во изминатите денови помагаа за одбрана од поплави на Шабац и Сремска Митровица. Тој наведе дека европската комесарка за вонредни ситуации во телефонски разговор му рекла оти во ЕУ се воодушевени од мобилизацијата на граѓаните на Србија. Вучиќ им се заблагодари на државите и луѓето од светот кои и помогнаа на Србија, на ЕУ, САД и на сите држави од регионот.

-Кога станува збор за волонтери од нашата држава, само во Белград првата вечер имаше 12.500 млади луѓе, а мислевме дека нема да собереме ниту 500 – нагласи Вучиќ. Предупреди дека во следните два дена мораат да бидат максимално внимателни поради новиот можен бран поплави.

Реката Сава веќе се излеа преку насипите во Вуковарско-сремската жупанија во Хрватска и во делови од крајбрежјето прогласена е општа опасност и делумна евакуација на населението.

mama-poplava-1400378446-499233Поради поплавите, досега само во Србија се евакуирани над 16.000 луѓе. Евакуацијата продолжува во Обреновац, Барич, Сремска Митровица, во реонот на Пожаревац и во неколку други места. Без струја во моментов се околу 76.000 домови во 13 општини. Инаку, во здравствените центри се ослободени доволно места за граѓаните на кои им е потребна медицинска помош, а прифатните центри се максимално организирани за обезбедување минимум животни услови за раселените лица.

Поплавите во Србија и во Босна и Херцеговина однесоа и најмалку 20 човечки животи, соопштија властите во двете држави.

Во БиХ во поплавите загинаа 20-ина луѓе, а во Србија дванаесет.
Најтешка е состојбата во Босна. Повеќе од 1,2 милион луѓе се загрозени од поплавите, но има опасност и од лизгање на земјиштето. Поради силните одрони, цели села се урнати, а прелеаните реки голтаат и цели патишта. Најтешка е ситуацијата во Посавина, во Шамац, во Орашје, а во Бијелина масовно се евакуираше населението откако попушти насипот на Батковиќ на Сава. Опасност има и од Дрина. Во меѓувреме и Владата на Република Српска донесе одлука за прогласување вонредна состојба.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1