Во Брисел уапсен уште еден осомничен за нападите во Париз


Во Брисел уапсен е Мохамед Абрини, 31-годишен Белгиец, по кој се трагаше поради поврзаност со минатогодишните напади во Париз.Mohamed Abrini

Абрини беше на списокот на најбарани лица во Европа, откако беше снимен во автомобил заедно со Салах Абдеслам, два дена пред нападите во Париз, што се случија на 15 ноември 2015 година.

Според белгиската телевизија Ве-Ер-Те, Абрини може да биде и „човекот со капата“, која беше снимен од камерите на аеродромот Завентам во Брисел, заедно со двајцата бомбаши-самоубици.

Абдеслам беше уапсен во Брисел пред две недели.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1