Во чајот добил хероин: Ја тужи Опра за 14 милиони долари


Вернон Мериведер го тужел ресторанот „Старбакс“, двајца келнери и тв-водителката Опра Винфри поради обид да го дрогираат, за дискриминација и злоставување.

Американецот тврди дека келнерите во едно кафуле во Бафало го навредиле поради бојата на кожата кога дошол да испие еден чај од брендот „Oprah chai“ чие заштитно лице  е Опра , и да се пријави за работа.

– Ми рекоа дека не вработуваат црнци и дека сите келнери мора да бидат Ариевци – стои во тужбата на Мериведер.

opra cajТој тврди дека ги видел келнерите како во чајот му ставаат хероин и таблети за лечење несоница. Со оглед на тоа што водителката сама го осмислила чајот кој го носи нејзиното име, и ен а ја смета за еднаквои одговорна за обидот за дрогирање.

Вернон бара тужените да му исплатат 14 милиони долари оштета и сите да поминат курс на толеранција.

Ниту Опра ниту одговорните лица од „Старбакс“ не ги коментирале обвинувањата. Инаку чајот на Опра е во продажба од април оваа година, додека Мериведер тврди дека се обиделе да го дрогираат уште минатата есен.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1