Во чест на Тоше спектакл на арената Филип 2


Во чест на Тоше, кој загина на 16-ти октомври пред 5 години, за време на натпреварот со Србија ќе се организира спектакл.

Во организација на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ќе настапат врвни естрадни уметници, како што пренесува Курир, стартот е во 19 часот, а дел од ѕвездите кои ќе настапат се и Ламбе Алабаковски и Наум Петрески.

Ќе биде организирана и наградна игра налик оние на НБА натреварите. Резервниот голман на македонската фудбалска репрезентација ќе шутне топка кон гледачите, оној кој ќе ја фати ќе се симне на теренот и доколку од пенал или „еден на еден“ успее да го совлада голманот, ќе добие дрес на македонската фудбалска репрезентација.

Според последните информации, за мечот во вторник преостанати се уште малку билети.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1