Девојка која минатата седмица настапила со нејзиниот училишен оркестар на инаугурацијата на американскиот претседател Барак Обама е убиена во парк во Чикаго, јави теелвизиската мрежа CBS во средата.
Полицијата објави дека 15-годишната Хадија Пенделтон се засолнала од дождот под настрешница во паркот со десетина други тинејџери а еден маж ја прескокнал оградата, потрчал кон нив и отворил оган. Напаѓачот пото апобегнал со автомобил.
Хадија била погодена со куршум во грбот и починала во чикашката универзитетска болница за помалку од еден час по нападот, извести CBS. Друг тинејџер бил застрелан во ногата и се наоѓа на болничко лекување За нападот се` уште никој не е уапсен.
Полицијата соопшти дека Хадија била примерна ученичка и не била поврзана со бандите, како и дека најверојатно не била цел на нападот. Меѓутоа, за неколкумина млади кои биле со неа во друштво, се претпоставува дека се членови на локалните банди, известува телевизијата.
Портпаролот на Белата куќа, Џим Карни, изјави дека станува збор за „страшна трагедија и оти мисли дека мислите на претседателот и правата дама се со нејзиното семејство”.
Полицијата на Чикаго распиша награда од 11 илјади долари за информација којашто ќе помогне за апсење на напаѓачот, објави Chicago Tribune
Макфакс