Црква продава цедиња со звукот на тишината – 30 мин тишина


Црквата „Свети Петар“ во источен Сасекс во Англија пронајде нов и инвентивен начин за собирање средства за обнова – сними цеде со звукот на тишината во внатрешноста на црквата, стара 800 години. Снимката на тишина и звукови како крцкање на клупите, бавни чекори и шумови во далечината трае 30 минути и се покажа како вистински хит не само меѓу мештаните, кои сакаат да придонесат за обновата на црквата, туку и меѓу љубителите на мирот и тишината во земји како Германија, Австрија, па дури и Гана.

cd tisina
– На цедето одвреме-навреме се појавува понекој звук, бидејќи апсолутната тишина може да им здодее на луѓето, а оние што го купија навистина се одушевени – изјави еден од жителите на местото.

Изданието доби наслов според песната на дуото „Сајмон енд Гарфанкел“, The Sound of Silence, а моментално е достапно на цеде со недефинирана цена. Црквата смета дека е најдобро луѓето сами да одлучат колку вреди и да дадат колку можат како донација за обнова на црквата.

– Мислевме дека таа смирувачка тишина, каква што можете да доживеете во црква, ќе биде нешто сосема поинакво, и драго ми е дека тоа се покажа како популарно. Нашата црква е свето место, старо 800 години, и дава прекрасно чувство на мир – изјави свештеникот Ендрју Мејс.

Дневник

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1