Во Дебар Маало ограничување на брзината од 30 км/ч


Општина Центар почнува со спроведување на проектот „Зона на мирен сообраќај“, со што во цело Дебар Маало брзината на движење на возилата ќе се ограничи на максимум 30 км/ч.skopje 49 brzina kola

Зачестените сообраќајни несреќи, густиот сообраќај, постоење на основно училиште, безбедноста на граѓаните, беа причините градоначалникот Андреј Жерновски да предложи воведување на популарно наречената „Зона 30“.

Со добивањето на Решението, Центар е првата општина во Република Македонија, која воведува ваква мерка, која е и препорака од Европската унија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1