Во ДИК утре ждрепка за рекламните паноа и билборди за локалните избори


Државната изборна комисија (ДИК) утре во 13:00 часот ќе спроведе жрепка на која ќе се распоредат локациите на рекламните паноа и билборди кои се нудат за политичко рекламирање од страна на правните лица кои стопанисуваат со нив.

Комисијата ги повикува претставниците на правните лица кои доставиле понуди за рекламни паноа и билборди и поднеле локации и ценовници до ДИК да учествуваат во ждрепката. Доколку нема присутен претставник од понудувачите, извлекувањето ќе го изврши лице од стручната служба.

Политичките партии, учесници во изборниот процес, како што соопшти ДИК ќе може да присуствуваат и да го следат процесот на спроведување на ждрепката за рекламни паноа и билборди.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1