Во директен судир со автобус загинаа Мишула Петровиќ, сопственик на телевизијата „Галаксија 32″ од Чачак и неговиот камерман Драгослав Јевремовиќ, јави српски „Курир“.
Петровиќ, познат музичар и сопственик на телевизијата и неговиот сопатник во „шкода октавија” загинале околу 15:45 часот кај Младеновац во директен судир со автобус. Вo несреќата се повредени пет патници од автобусот и сите се згрижени во белградскиот Ургентен центар.
Несреќата се случила откако „шкодата” неочекувано преминала во спротивен правец и се забила во автобусот кој сообраќа на релација Младеновац-Белград.
Петровиќ се наоѓал на местото совозач во „шкодата” и тој од здобиените повреди починал на лице место. Тешко повредениот камерман од уништениот автомобил го извлекле пожарникари, а им подлегнал на повредите во возилото од Итната помош, на пат кон белградскиот Ургентен центар.