Во Дизниленд работат педофили: Уапсени 35 работници од детскиот парк!


Најмалку 35 работници во Дизниленд се уапсени под сомнение за вмешаност во сексуалните прекршоци поврзани со деца, од 2006 година. Истрагата опфатила и продавачи на карти, чувари како и ноќен чувар кој бил фатен како на работа  како гледа порно содржина со деца.

Последните апсења се случиле минатата недела, кога се уапсени 13 осомничени. Официјални лица од Дизниленд паркот истакнале дека тие имаат 70.000 вработени и уапсените претставуваат само 0,01 отсто.

pedofili-diznilenda

Сепак, полицијата предупредува дека педофилите имале очигледна причина да работат во детскиот центар, барајќи вработените да бидат ставени на детектор за лаги.

Тие го истакнале случајот со Роберт Кингсолвер (50) кој работел како техничка поддршка, а е уапсен во февруари.Тој е обвинет дека се обидел да се најде со 14-годишна девојка, додека се бранел дека сакал да ја заштити, а не да ја повреди.

Продавачот на карти, Спенсер бил фатен како на социјална мрежа договара средба со момче (13), зад чиј профил всушност се криел детектив.

Спенсер испраќал пораки со сексуална содржина, наговарајќи го на орален секс.

Домарот Ален Трестер (40) исто така наседнал на лажен профил од детектив, мислејќи дека се работи за малолетно тинејџер, тргнал да се сретне со него, признавајќи дека се надевал на сексуален однос со него.

Тимоти Лукас (20) е уапсен пред две недели, бидејќи испраќал слики од неговиот полов орган на детектив кој мислел дека е 13-годишно девојче.

Од 2006 година се уапсени 42 работника, додека 32 од нив се осудени, за осуммина процесот е во тек, а на двајца ги чека судење.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1