Седум штитеници од Домот за стари лица во Радовиш и тројца вработени се позитивни на ковид-19, информира директорката на Центарот за јавно здравје од Штип, д-р Марија Димитрова.
-Штитениците се хоспитализирани, а ние доставивме предлог до Комисијата за заразни болести Домот во Радовиш да биде ставен под карантин. Според нашите анализи заразата најверојатно е донесена од надвор, рече директорката Димитрова.
Инаку, во Радовиш заклучно со вчера се регистрирани 19 активни случаи на инфицирани со коронавирусот.