Во фабриката за месо на иднината – еве што ќе ни јадат децата (Видео)


future foodСо се поголемиот број за усти за ранење, производството на храна повеќе не може да се сведе на традиционалниот начин на подготвување на истата.

Научниците пронајдоа нов начин, преку Ин-витро плескавици како би се погрижиле да ги прехранат идните генерации.

Целиот процес велат ќе го спаси човештвото и животните. Еве зошто.

1. нема да се одгледуваат животни кои се растат со хормони и вештачка храна за да дадат поголема количина месо.

2. нема да има болести кои од месото се пренесуваат на луѓето

knitted_meat_nextnature_lab-530x4993. нема да се колат животни за да се прехрани народот.

4. нема да има гмо месо

5. Се зачувува природата и водата. Нема да се користи голема количина на природни ресурси за одгледување на се поголем број животни, а и нема да се троши огромно количество вода за преработка на местото.

На следното видео е објаснето како се добива ин витро месото. Се користи крвта од животните, животното не се убива.

Се зема од крвта или примерот од мускулната маса. И од количина која е земена од само едно животно може да се добијат илјадници килограми месо. Еве го деталното објаснување.

Еве што се се подготвува во фабриката за месо на иднината.

ин витро стек 

Fantasy food

Вистината е дека вештачкиот стек е се уште далеку, но група на научници во Холандија во Ајндховен веќе успеале да создадат ќофтиња од пластелин, како и плетен стек од црвена волна.

ќофтиња во боја за децата. научниците велат децата не секогаш добро реагираат на месото, а со овие ќофтиња точно се дозираат индивидуалните потреби на децата, протеини, витамини, а и самите си бирате боја.

измислен е ,,Инкубатор за месо,, за дома

Kitchen-meat-incubator-Daniel-Ong_nextnature_lab-530x413Научниците го објаснуваат на следниот начин – го прави во кујната истото што синтисајзерот го направил за домашна музика.

Има сет на претходно програмирани примероци на ,,месо,, кои можете со програмите да си ги мешате по ваша желба. Можете да правите стек, кобасици, ќофтиња а може и да си измислите ваше ,,месо,, . со програмите може да ја одредувате големината, формата, текстурата.

А некои верзии имаат и wireless за дирекно да симнувате рецепти од интернет и да ги вметнете во програмата.

наместо јадење – едно апче оброк 

snippets_of_in_vitro_meat

Се смета дека една капсула би изнесувала 2 фунти, а ќе се намалат користењето на ресурсите. Ќе се користат само 1% од земјата и 2% од водата, кои што во од сегашното производство на традиционалната храна.

Научници во Холандија веќе се во потрага по клучот за тоа како би изгледала храната во иднината. И покрај фактот што луѓето ја обожаваат традиционалната исхрана, се повеќе мора да се помириме со фактот дека е несоодветно сегашното темпо на произведување на храната и нејзината побарувачка.

Голем број на научници сметаат, а и кон тоа се стремат да создадат исхрана во пилули од по 2000 калории. За деветте милијарди жители на планетата, за кои што се смета дека ќе ги има до 2035 година, ќе биде невозможно да се произведе доволно храна со досегашното ниво на обработливо земјиште и добиток кој што во моментов го има на земјава.

На следното видео научникот откако ќе даде детално објаснување како е направено местото, на крајот на видеото тој пред полна сала пече ин витро месо и го јаде. Доказ дека оваа иднина и не е така далечна.

Tags:

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1