Во Франција од грип починаа над илјада луѓе


Сите показатели за активноста на грипoт – консултации со општите лекари, посети на ургентните центри, хоспитализации и слично се во пораст. Од грип до сега починаа околу 1.100 лица, соопшти француската Мрежата за следење на епидемијата на грипот.

Над 12.000 пациенти минатата недела побарале помош во службите за итни случаи, 1.823 лица се хоспитализирани, што е за 70 проценти повеќе во споредба со претходната недела. Но, 43 отсто од хоспитализираните се лица над 75 години, а 15 проценти се деца под пет години. грипот се прошири во сите француски региони уште пред една недела.

Од 1 ноември 2018 година 630 лица завршиле на интензивна нега, од кои 139 луѓе минатата недела се хоспитализирани.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1