Во Газа загина поранешен фудбалер


Поранешниот фудбалер на националниот тим на Палестина и еден од најдобрите играчи на оваа земја, Ахед Зекауд загина во бомбардирањето на Ирзаел на Појасот Газа.

Според информациите од медицинските служби, но и соседите, Зекауд спиел во својот стан кога почнало бомбардирањето од страна на Израелците и таму загинал.

zagina-trener-500Инаку, Зекауд е еден од најдобрите фудбалери на Палестина, кој во 1994-та година одигра пријателски меч за неговата земја против ѕвездите на Франција во чиј состав беше и Мишел Платини.

Познат бил по тоа што никогаш не припаѓал на ниту една политичка фракција и по тоа што целиот свој живот го посветил на фудбалот.

Откако се повлекол од активното играње на фудбал, се посветил на тренерската функција, а во изминатите неколку месеци работел како водител на спортска емисија.

Според податоците на палестинското Министерство за здравствео, вчера во Појасот Газа загинале 79 лица, а над 280 биле ранети.

Вкупниот број убиени Палестинци од почетокот на израелската офанзива во Појасот Газа, на 8 јули, веќе достигна 1.458.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1