Не биле колбасите – се уште енигма каде е изворот на смртоносната бактерија – овошје и зеленчук?


И по 12 дена откако 8 лица се заразија и 4 починаа Македонија се уште незнае каде ја има смртоносната бактерија Листерија.

dejan-runtevski

Иако се тврдеше дека две мостри биле позитивни на бактеријата и дека по анализите имињата на фирмите ќе бидат обелоденети, до ден денес нема конкретна информација. Според последната изјава на Рунтевски не ќе да се колбасите. 

Досега се испитани 610 мостри, во кои се пронајдени 23 позитивни примероци рече директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Дејан Рунтевски.

Според него, најверојатно предизвикувачот не е во месната и во млечната индустрија.

Од анализираните 610 примероци од месната и млечната индустрија во земјава, присуство на опасната бактерија листерија било утврдено кај 23, но ниту еден не може да се поврзе со случаите на листериоза кои се појавија.

Од позитивните примероци кај кои било утврдено дека постои листерија, во осум случаи таа била под дозволеното ниво, додека кај останатите е направена генотипизација која не покажала ниту едно совпаѓање со листеријата кај заболените лица.

„Листерија има, но во минимални количини, под 10 колонии на грам што е далеку под дозволеното ниво од 100 колонии на грам во рамки на рокот на траење на производот“, рече Рунтевски.

Дополнително ќе се утврдува дали следно ќе се испитуваат овошјето и зеленчукот.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1