Невремето откорна 40 дрва, оштетени автомобили, поплавени домови


Силното невреме вчера ги погоди источните делови од градот – општините Центар, Кисела Вода и Аеродром, дел од општината Чаир и општината Гази Баба.

Од Град Скоје информираа дека надлежните екипи веднаш интервенирале на критичните точки.

Watermarked Photo2

Се интервенираше на подзвозникот кај стоковната куќа „Мост“, на булеварот Алаксандар Македонски, на клучката кај хотелот „Континентал“, на булеварот Србија, на подвозникот на улицата Павел Шатев, во делови од општината Кисела Вода, на подвозникот на булеварот Киро Глигоров, на булеварот Гоце Делчев кај зградата на МРТВ, на улицата Финска во Маџари и во населбата Автокоманда, се вели во соопштението.

На повеќе локации во градот силниот ветер искрши и турна 39 дрвја, а искрши и многу гранки.

Во Градот Скопје се пријавени поплави во повеќе домови, при што на исцрпување на водата интервенираа екипи на ЈП „Водовод и канализација“ и на Противпожарната бригада.

Целосно се поплавени подрумските простории на средното училиште „Владо Тасевски“ во Аеродром, пријавени се оштетувања на покривите на повеќе објекти – индивидуални куќи и згради во Кисела Вода и во Аеродром. Оштетени се и голем број автомобили.

Екипите на Градот Скопје и денеска ја следат состојбата на терен и се мобилни зашто од УХМР повторно се најавуваат обилни врнежи од дожд.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1