Двајца германци дошле на идеја како на сограѓаните да им помогнат да се ослободат од стресот, а притоа и да заработат пари. Отворија ,хотлајн,, на кој ако се јавите можете да се дерете колку сакате, да користите најсочни пцовки, и да си кажете што ви душа сака.
Хотлајн “Schimpf-los” (ПЦУЈ СЛОБОДНО) има оператери кои 7 дена во неделата одговараат на фрустрирачки повици од поединци и трпеливо ги слушаат нивните изливи на бес.
,, ние не им судиме на луѓето кои се бесни, тука сме за да си олеснат,, вели Ралф Шулте кој заедно со Александар Бранденбург ја отворија линијата за пцуење.
Работеле заедно претходно во маркетиншка агенција и секојдневно гледале колеги и клиенти кои ќе пукнеле од бес. Се што им требаше е да си олеснат душа, да се извикаат, да опцујат ама немаа каде ниту како. Така дојдовме до идејата, велат сопствениците.
,, кај нас може да го испцуете шефот, полтииката, жената, и се останато – без последици,, вели Ралф.
Ако има срамежливи на кои тешко им тргнува да почнат да викаат, тука се оператерите кои ќе ги подбуцнат. Еден повик чини 2 евра за една минута пцуење.
Цената е чиста багатела за да си го симнете товарот од душа – децидни сопствениците.