Во град веќе нема да се вози 60 километри на час


Максималната брзина на движење на возилата низ сообраќајниците во урбаните средини наместо досегашните 60 километри на час, ќе изнесува 50 километри на час, е предвидено со измените на законот за безбедност во патниот сообраќај, кој е изготвен и треба да се најде во собраниска процедура, потврдуваат за „Мета “ од МВР.

kola kilometraza 2

Како што информираат од таму, ова е најголемата и единствена измена во законот за безбедност во сообраќајот во делот на ограничувањата на брзината на патиштата. Оваа измена е заснована на препораките и искуствата на најголемиот дел од земјите – членки на ЕУ, кои од поодамна го имаат воведено лимитот од 50 километри на час во градските средини, а ова ограничување веќе функционира и на градските сообраќајници државите од регионот.

– Ограничувањето на брзините, како и казнената политика во новиот закон за безбедност во патниот сообраќај остануваат исти, единствена промена има во максималната брзиан на движење во убрани средини, каде максималната дозволена брзиан е намалена од 60 на 50 километри на час, согласно европска пракса – велат од МВР.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1