Во Италија уапсен Албанец, кој планирал терористички напад во Рим


Италијанската полиција уапсила албански државјанин, за кого се сомнева дека планирал терористики напад во Рим.

Според полицијата, Едмонд Ахметај (38) преку социјалните мрежи вршел пропаганда во полза на џихадистите и имал контакти со групи свои сонародници, како и со имам од Лондон, каде ги величи терористичките исламистички групи.karabineri

Тој постирал и написи за Исламска држава за време на нападите во Париз, а искажувал и силна поддршка за убиствата и нападите кои биле извршувани.

Италијанската полиција се сомнева дека планирал терористики напад во Рим, бидејќи откриле видео-снимка, што го потврдува сомневањето.

Ахметај, со години живеел во провинцијата Бари, заедно со сопругата и братот, а во мај 2016 година добил и италијанско државјанство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1