Во Италија умреа 13 – Дали се безбедни вакцините против грип во Македонија?


Во Македонија не се увезени вакцини против сезонски грип за кои постои сомневање дека во Италија од нив досега починале 13 лица, тврдат од министерството за здравство.

vakcina grip

-Во однос на појавата на смртни случаи во Италија за кои се претпоставува и ги поврзуваат со вакцината против грип, можам слободно да изјавам дека во Р. Македонија нема увезено од тој тип на вакцина произведена од Нобартис. Кај нас вакцините кои се даваат се од производство од Белгија, Холандија и Франција на Глаксо, Пастер…изјави д-р Јованка Костовска, од министерството за здравство.

Вакцинацијата против сезонски грип во земјава е при крај. Надлежните уверуваат дека досега не е пријавена ниту една несакана реакција.

-Вакцинацијата е при крај, односно потрошени се 99 проценти од вакцините и досега немаме пријавено несакани реакции, додаде д-р Костовска.

Случајот во Италија го анализира европската агенција за лекови и до четврток треба да ги соопшти резултатите дали навистина вакцината против грип е причина за смртта на 13-те лица.

Sitel.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1